Ајс со сонот и Џорџи со циркузот

Ми ѕвони Г. секогаш кога сум во формата нај…
На оваа или онаа страна,
Спомнувајќи го досадувањето како поим кој
Треба да ја оправда, а нема појма дека со тоа
Добува голем плус во моите белешки и кафето со неа ми е кафесто,
Оти разговорите се секогаш од онаа друга страна, за оваа друга страна
Или одавде за она таму и плетеме и веземе
Леле толку неуморно, а нит прсти нит очи не’ заболуваат
од истканите невидиливи покривки за добар сон потоа
А мрежи колку сакаш и со неа секогаш
Едно јаже оптегнуваме…
И ете ко циркуз, ама овој е од оние потребните,
кои не доаѓаат во градот, заборавени од градот,
и тој заборавен за нив
Без аплаузи, каде кловновите сме ние, без маски,
Само со некоја наметка оти пристудува на терасата пушална
Со нозете поткачени на столче
ко свиленкасти конци нишките ги оптегаме,
Тогаш прострот е преполн џиџаници, ама наши,
џиџаници, не’ боли некогаш,
едно движење и воздишка со хм…открива многу
и ова под трепките е толку гласно во мигот
и не мора да се повторуваме.
И велам, сонувам и не сум сама, одам некаде
Со еден дел, тој дел сака да шета, некој го вика.
Ме фаќа паника од тоа одење, и немоќ да застанам.
Одвај, одвај се молкнам од таму! Преплашена сум и’ кажав
разматувајќи го кафето две во едно, онака
за рабивање…
Ме пресрети поглед прелеан со разабор.Не си само ти.
Трепнувајќи со очите. Зошто би мислела дека си само ти.
Тоа е нормална работа, оние осумдесет проценити
За кои за кој никој не зборува,
А еве ти кажуваш. И сум се видела повеќа од петпати така.
Не знам, не бројам, а страв… хм…
Човечкиот ум е пространство…наметнува збрки
Оттуѓено од моето тело, кога ја гледам онаа
Другата како заминува ми создава паника.
Непотребности ми вели, како стравот на пример…
Зошто ти е, и така го имаме секој ден ко доза,
Ко одење до продавница следени со публика, со ѕиркања во
Ќесето и најава на гости…одмерени поздрави…и прекини со
Гостите ми вели, Омори малку… публиката е безмилосна секогаш
Не знае за крај, со подзината уста сака уште…таква е.
Да, смачено ми е од многу и од стравот со сонот.
Мислиш дека нема да се вратш? Да.
Ќе се вратиш сигурно, освем ако пред да заспиеш не си ја скршиш
Кичмата, е тогаш враќањето е прашалник…и ете
Пак се засмеваме на терасата…долго дури…
Ти благодрам и реков, учтиво, сепак сакав да го формализирам
Искрениот разговор што лекува…
А во меѓувреме , немате појма каков циркуз е
Околу мене додека го пишувам ова.
Штотуку почнаа да летаат конфети.
Ќе летаат долго. Немам намера да ги собирам
денес воопшто.



33 Responses to “Ајс со сонот и Џорџи со циркузот”

  1.   virtuella Says:

    …баш си пчела :)
    …поздрав од мојот денешен Арлекин…

    http://www.youtube.com/watch?v=3093ABV3ESM

  2.   amorodor Says:

    Хе…зарем и тебе да ти застанам на левото раме…не нема потреба…добра душичка си… :P )))))

  3.   Аstrostoper Says:

    ih
    ama se raspisa
    so ti stana
    :)

  4.   sedumkonci Says:

    гладен џин за зборови.

  5.   gocajаska Says:

    … хм… јаска ненавлагам во вашите светови …
    доволни ми се оние … моите …
    отсекогаш се прашував дали навистина имаме разбирање …
    или сите си го гледаат исходот во својата спознаја …
    малку поинаку …
    … не дека ми е потребен одговорот … туку …
    честопати ми рекоа дека не ги разбирам и си заминаа … а јаска се прашував …
    што е тоа што неможам да го разберам во нивната едноставност … потоа одлучив тоа да биде нивното високовозљубено …
    оти такви можев да ги сакам и до ден денес …
    … и онака … вон сезонски … есенцијално …
    есента ми мириса на луто … кога ќе го потпечам она зелено везено и ќе го сместам врз магденос и сецкан бел лук …

  6.   medeno Says:

    Џорџи, не е за верување, ама на еден начин сум…
    и музичево, абе секогаш туку ќе пуштиш нешто …
    што сакам.

    Амордор…да,ај не застанувај, не дека сум душичка, туку
    доволно е брканица.

    Астростоперу…како беше она
    ,, и е така ќе расиспам филм…
    не оти дека сакам, туку така ми доаѓа
    додека…итн..,,

    Гоцо, Аватаре… на крајов од твоој кометар само би рекла…
    каде е келнерот да донесе вино за една Здравица , за лутото
    за едноставното разбрано и неразбрано…секој за своето…сите
    во едното…Гушкааа големка…

  7.   medeno Says:

    7 Конци… читам ,, Гладен џин за зборови,,
    не сум го слушнала годиниии…
    еј, фала на фразава…

  8.   icemann Says:

    хухуху и сонот е сонест коа кафето е кафесто… :)
    гушка шашавице

  9.   mistressofsadness Says:

    ух одсабајлечки долги пишуванциии испрочитав, ајде кафе медено:)

  10.   БЛОГЕРАЈ — Blog — Ајс со сонот и Џорџи со циркузот Says:

    [...] Оти разговорите се секогаш од онаа друга страна, за оваа друга страна Или одавде за она таму и плетеме и веземе Леле толку неуморно, а нит прсти нит очи не заболуваат од истканите невидиливи покривки за добар сон потоа А мрежи колку сакаш и со неа секогаш Едно јаже оптегнуваме… И ете ко циркуз, ама овој е од оние потребните, кои не доаѓаат во градот, заборавени од градот, и тој заборавен за нив Без аплаузи, каде кловновите сме ние, без маски, Само со некоја наметка оти пристудува на терасата пушална Со нозете поткачени на столче [...]

  11.   leonastefani Says:

    Медено, е баш мие кеиф шо си на насловна…па уште ми ја спомена миленичката…Џорџинааааааааааа, а во контекст на твојава пишуванка ме изнасмеа, оти секој си толкува ко шо сака…а ти ме потести на Цацко..и кршењто на кичмата…ке се врати макар во количка…Срцка…си…ај поздравче морам да работам…само ве следам , ви нема бегање. (многу си кажала), кој како сака нека толкуваааааааааааа, лајкккккккккккккккк

  12.   virtuella Says:

    …па пчела си, собираш од секаде милиони мисли и емоции и ги пакуваш нежно…
    …ај сега части за насловна :D

  13.   alter Says:

    sade cirkuzi nasekade….lelelele…..sonce moe smedeno…. eh… toa ti e..

  14.   medeno Says:

    Ајс мен …гушка и тебе…го видов филмчето,
    ама таму ќе кажам… :)

    Џорџи…собирам, а во нив и моите ги пикам…
    а за насловната, честам кафе или вино, кој што сака
    и како може да не сум на насловна кога
    и ти си бе Златна у насловот!!! хахаха

  15.   icemann Says:

    и сеуште сум збунет со постов…
    името на постот не е коинциденција нели?

  16.   icemann Says:

    и честито насловна шашавице..

  17.   medeno Says:

    Ма каква коинциденција,
    Оставив кај тебе коментар,
    за тоа сонот и сам – несам
    па ја прочитав Џорџи и така на куп
    се се собра и ете сте во насловот…хахаха

    хахах

  18.   medeno Says:

    Честито и тебе за насловот во насловна хахха

  19.   medeno Says:

    Добро, што се случи со Лаланде???
    Отидов да кажам дека ја кафе со Е. не би пиела
    и покрај мојот мал конзервативизам…
    и нешто ја снема, одненадеж…
    таму ми вели…не може са се најде…фак…
    а и кафе ќе и оставев…

  20.   icemann Says:

    хехе немаше да успеам без тебе ;)

    мило ми е ако сум бил бар инспирација во твоите постови…
    шаша

  21.   harizma Says:

    Си и го утнала кафето на Џ, таа не пие 2 во 1,туку… али нема везе, од тебе кога е, слатко и е :)

  22.   novajlija Says:

    И јас ќе кажев нешто за кафето. Кога ми се пие кафе а воедно и ми се седи пред компјутер,јас си доаѓам кај Медено. Секогаш ми го погодува кафето,всушност јас пијам такво кафе какво што прави таа…А и винце си пивнуваме.Постот добар и од самиот наслов осудан да биде на насловна…
    Се прашувам дали ќе биде подобро ако на гостите им го доближиш блогерскиот свет. Дали тогаш и тие повеќе ќе сакаат да седат пред компјутер и да пијат кафе со сите нас?

  23.   medeno Says:

    Леона бе Златна, па кој како сака,
    без притисоци и залетувања…
    а за кичмата…хахха…баш така Г. рече.
    Џорџи многу ја личи на насловна,
    затоа е пак таму… :)

    Алтер, циркузи, под шатор, околу шатор…циркузки

    Ајс…на летот мислиш…ама другпат од пониско,
    посигурно е…дада може е зафатена за помош…хахах

    Хари, еве Џорџи до сега не се пожали, изгледа пројдов некако…хахах

    Нови…леле, леле што изнакажа за кафево, ај држ филџанот.
    А за гостите, знаеш дека треба! А Г. по тел. ми вели, оти малку
    не смени нешто…се си изнапишала. Е па сеа нема да се лажеме и велам.
    Ќе дојде на кафе подоцна…

    Шашаша…

  24.   kliker Says:

    Ми изнуди песнава воздишки, ќе си ја ставам во моја замислена насловна :) )))))

  25.   lepangelina Says:

    еј, на насловна ти и џорџи -јагоди со шлаг! :)
    те читам со задоволство, дури сега инсталирав се што треба,за да го стигнам блог.мк, ама не било до мене.
    вчера паднал
    гушка
    одам да се фарбам :)

  26.   antianti Says:

    Да де ако ми дошла еднаш у гости без да сакам, а сакав…виното не ми го испила… паметот можда??? чин чин :P

  27.   mistressofsadness Says:

    оф мила гледам си ме мислела во кобниот час негде пред 13.00 денес мојот блог нешто се разболе, па се опраи после среќа..уххххххххххх:)

  28.   medeno Says:

    Кликер…сета смисла е во воздишките, изоставени зборови…

    Лепа Ангелина…ај види, види, ок шлаг со јагоди вон сезона…
    згодно, но деливери е Ајс со бајкот, а преливот е на Г.
    п.ц. Ако сама се фарбаш, тогаш ова со двојички ми е се
    поубедливо…

    Анти…Без што е подобро, без виното или без паметот???

    Мистресс…да бе даш го сетив кога се навали…дури се загрижив
    златна…

    …сега одам на цигара и две голтки вино…

  29.   icemann Says:

    Ахаха деливери доаѓа измучкано или промучкано.. а можда и само нагмечено…

  30.   medeno Says:

    Хахаха … е па сеа не ќе
    се наоѓаат маани…важно стигнало
    хахах

    шашашаш Ајс

  31.   lepangelina Says:

    медено, може јас да бидам деливери до ајс – и јас возам бајк ;) ,
    а ајс е уметник со бајкот- секоја чест!
    мојот точак е како створен за тоа- со кошничка на кормилото :)
    н аГ. преливот, ама јас јадам само чоколаден.
    п.ц. аха, сама се фарбам
    ппс. јас веќе имам една двојничка од твојот крај
    можеби у претходниот живот сум била грозд
    одам да земам Б-витамин

  32.   medeno Says:

    Лепа Ангелина…го сакам твоево хај…навистина
    …грозд…колку свежо звучи…

    Сега одам на воздух и сонце…

  33.   ogledalo12 Says:

    ова под отворените усти на публиката биле. на тераса пушиш?
    жална ти. медено ладно е. студи некако.

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.